Атлетскиот Клуб “Работнички“ во периодот од 10 до 16 јануари 2022 година (6 ноќевања на база полн пансион) ќе органзира зимски атлетски камп во Дојран.
Цената за учество на овој камп за членовите на клубот изнесува 10.800 денари.
Во цената е вклучено:
– организиран превоз Скопје – Дојран – Скопје
– сместување во Хотел Полин, Стар Дојран, 2 и 3 креветни соби
– исхрана, 3 оброци на ден (доручек, ручек, вечера)
– Културно-забавни активности
– медицинско лице во објектот за прва помош
– тренинзи во претпладневните и попладневните часови под раководство на стручни тренери од АК Работнички
Услови за учество на атлетскиот камп:
– детето да е постаро од 10 години
– лекарска потврда од Спортска медицина не постара од 6 месеци
– здравствена книшка, согласност потпишана од родител
– поседување спортска опрема (патики за трчање, маица, шорцеви, тренерки, шушкавец)
Плаќањето може да се изврши и на рати:
– 3.600 денари / уплата на 1 рата најдоцна до 21 декември 2021
– 3.600 денари / уплата на 2 рата до најдоца до 5 јануари 2022
– 3.600 денари / уплата на 3 рата до најдоцна до 5 февруари 2022
Постои можност и за плаќање на 4 рати,.
Уплатата треба да се изврши на ж-ро сметката на клубот:
300-0000007176-42 , Комерцијална Банка, цел на дознака – зимски атлетски камп 2022
Пријавувањето за учество во кампот треба да се изврши најдоцна до 21 ноември 2021 на емаил адресата info@akrabotnicki.com или кај некој од тренерите. Ве молиме во пријавата наведете ги следниве информации:
– Име и презиме на детето
– Име на родител
– Датум на раѓање на детето
– Контакт телефон од родителот