Стартуваше атлетската школа на АК Работнички

Денес во Градскиот Парк, позади Школка, под мотото “Активните деца се здрави деца“ стартуваше атлетската школа на АК Работнички, наменета за деца од 6 до 13 години. На првиот час присуствуваа повеќе од 30 деца поделени во 3 групи според нивната возраст.
Уписите во атлетската школа на АК Работнички траат во текот на целата година. Доколку сакате да го запишете и вашето дете повеќе информации може да најдете на тука
Тренинзите се секоја сабота и недела со почеток во 10 часот за сите групи, а за поголемите има и дополнителни термини преку неделата.

Сподели со пријателите