На 23-ти март (сабота) 2024 год. Атлетскиот клуб „Работнички” ќе го организира 22-от Меморијален атлетски крос „Методи Веновски – Мето“, во чест на сеќавање на еден од најдобрите атлетски тренери во Македонија.

Кросот ќе се одржи во Парк шумата “Гази Баба“, со ограничен број на учесници. На програмата ќе бидат меморијалните трки за мажи и жени, и детски трки. Пријавувањето е онлајн и е задолжително. Бројот на места е ограничен во сите трки и пријавите може да бидат затворени и пред предвидениот рок (20 март 2024) .

Програма:

09.00 – Меморијални трки на 4000 метри, мажи/жени
09.40 – Прогласување на победниците од Меморијалните трки
10.00 – Детска трка на 100 метри (родени 2016 и помали), мажи/жени
10.15 – Детска трка на 400 метри (родени 2015 и 2014) , мажи/жени
10.30 – Детска трка на 600 метри (родени 2013 и 2012) , мажи/жени
10.45 – Детска трка на 800 метри (родени 2011 и 2010) , мажи/жени
10.50 – Прогласување на победниците од детските трки

 

Стартна листа

Резултати

Информации

23-ти март (сабота) 2024

– Меморијална трка / 4км, мажи и жени (2 круга од 2км) | старт 9.00

– Детска трка на 100 метри (родени 2016 и помали) | старт 10.00

– Детска трка на 400 метри (родени 2015 и 2014) | старт 10.15

– Детска трка на 600 метри (родени 2013 и 2012) | старт 10.30

– Детска трка на 800 метри (родени 2011 и 2010) | старт 10.45

Парк Шума “Гази Баба“.
Кликни тука

Секој кој се чувсвува способен за трка има право на учество. Бројот на учесници ќе биде ограничен во секоја трка. Пријавите ќе се затворат на 20 март или кога ќе биде пополнет предвидениот број на учесници. Секој учествува на сопствена одговорност.

На следниов линк https://akrabotnicki.com/prijavakros2024/  , најдоцна до 20 март или до пополнување на предвидениот број.
Котизација за учество не се наплаќа.

Подигање на стартните броеви ќе биде пред трката:
– од 8.30 до 8.55 часот за меморијалните трки
– од 9.30 до 9.55 часот за детските трки
На стартниот број на сите  трки ќе биде поставен чип. Контролни точки ќе има на 2 места на патеката.

Првите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат дипломи и медали во сите трки. Парични награди ќе добијат победниците во меморијалните трки (1 место – 3000 денари, 2 место – 2000 денари, 3 место – 1000 денари).
Прогласувањето во меморијалните трки ќе биде во 9 часот и 40 минути
Прогласувањето за детските трки ќе биде во 10 часот и 50 минути