Андреас Трајковски од денес може да настапува за Македонската репрезентација
20-ти Меморијален Крос “Методи Веновски – Мето“
На 20-ти март 2022 год. Атлетскиот клуб „Работнички” ќе го организира 20-от Меморијален атлетски крос „Методи Веновски – Мето“, во чест на сеќавање на еден од најдобрите атлетски тренери во Македонија.
Кросот ќе се одржи во Парк шумата “Гази Баба“, со ограничен број на учесници. На програмата ќе бидат меморијалните трки за мажи и жени, и детски трки. Во трките може да учествуваат само членови на атлетски клубови. Пријавувањето е онлајн и е задолжително. Бројот на места е ограничен во сите трки и пријавите може да бидат затворени и пред предвидениот рок.
Повеќе информации на
https://akrabotnicki.com/krosmeto2022/