19-ти Меморијален крос “Методи Веновски – Мето“

На 28-ти март 2021 год. Атлетскиот клуб „Работнички”  ќе го организира 19-от Меморијален атлетски крос „Методи Веновски – Мето“, во чест на сеќавање на еден од најдобрите атлетски тренери во Македонија.

Оваа година заради ситуацијата со Ковид 19 кросот ќе се одржи во изменет формат и на друга локација од вообичаената, со ограничен број на тркачи и со почитување на сите протоколи кои се на сила во време на пандемијата Ковид 19. На програмата ќе бидат само меморијалните трки за мажи и жени.