Настап на АК Работнички на Отвореното првенство на Белград во сала

Денес на Отвореното првенство на Белград во сала настапија и нашите членови Александар Танески и Бранимир Зенговски. Александар настапи во две дисциплини, трка на 60 метри каде постигна резултат од 7.40 секунди и во скок во далечина каде прерипа 6 метри и 46 сантиметри. Во публиката нашите атлетичари имаа поддршка од тренерите Божурка Ѓошевска и Дејан Ангеловски, како и од атлетичарката Мартина Мироска.Во оваа прилика сакаме да му го честитаме и новиот македонски рекорд на 1500 метри во сала на нашиот поранешен член Дарио Ивановски (АК Делта), кој трката ја истрча за 3 минути, 45 секунди и 46 стотинки, што е за повеќе од 5 секунди подобрување од стариот рекорд кој беше исто така во негова сопственост постигнат во 2019 година.

Сподели со пријателите