Андреас Трајковски, кој од минатата година е член на АК Работнички, денес доби дозвола од Светската атлетска федерација дека во иднина ќе може да ги брани боите на Македонската атлетска репрезентација.
Кратка биографија кој е Андреас Трајковски
Татко му на Андреас (Срѓан) е Македонец, по потекло од Куманово, кој на млади години решил да замине во Данска. Таму оформува семејство и добива два сина, Питер и Андреас.
И двајцата започнуваат да тренираат атлетика заедно со нивниот татко кој воедно е и нивен тренер. Желбата кај Андреас за атлетиката била поголема и се посветува повеќе на тренинзите и во 2012 година како јуниор настапува за Данската репрезентација на Светското првенство во атлетика во Барселона и во скок во далечина го освојува сребрениот медал со резултат од 7.82 метри.
До пред неколку години Данските закони не дозволуваа двојно државјанство, но тоа се промени и на Андреас му се оствари сонот дека еден ден ќе може да настапува за Македонија, земјата од каде што се корените на неговиот татко. Во последните години се соочува и со неколку повреди кои го спречуваат да напредува во кариерата, но тоа е веќе минато и во 2021 се враќа во одлична форма и го остварува својот најдобар скок во кариерата од 7.83 метри на отворено.
Во 2021 година, додека траеше процедурата за добивање на Македонски пасош, Андрес доби повик од Данската репрезентација да настапи на Олимпијадата во Токио како дел од штафетата 4×100 метри, но го одби повикот поради процедурата за промена на спортскиот пасош за настап за Македонија.
Покрај во скок во далечина Андреас настапува и во спринтерските трки (60м, 100м, 200м)
Ова е неговиот профил на веб страната на Светската атлетска федерација со сите негови остварувања во кариерата
https://worldathletics.org/athletes/denmark/andreas-trajkovski-14361799