Атлетскиот Клуб “Работнички“ со уште 8 други клуба е дел од проектот на Атлетската Федерација на Македонија “Детска атлетика“. Во овој проект ќе бидат опфатени деца на возраст од 7 до 10 години во кои ќе се користат реквизити и игри прилагодени за таа возраст, а основната цел е преку тренинзи и натпревари да добиеме нови атлетски шампиони во нашата држава. Наскоро ќе следуваат и повеќе информации околу уписот на нови членови во АК Работнички кои ќе бидат дел од овој проект.